Еве направив споредба со боденца од зара, Тила, тритекс и стружанка. Од зара и Тила се дефинитивно помали, доаѓаат некаде исто колку тритекс 56ка, а мааалку поголеми од стружанка 50ки. Се надевам помогнав
Ти благодарам.Во право си, секогаш може да се донираат.Мене ќе ми биде прво бебенце, после долга и тешка борба, затоа колку што ме радува се, толку и ме плаши дали се што купувам е безбедно и соодветно за бебеНо верувам дека сите сме исти во тој поглед
Така е, ама не можам да се контролирам кога ќе влезам во придавница.Не верував дека ќе бидам вакваЗа оградниците од Тила, секако ќе си земам, баш ги видов, преубави се.
Од Тила вреќичката е тенка, мислам дека баш одговара за во лето.Но најмалата беше 80 см, се надевам ќе одговара за новороденче.Е сега земав уште две други од аптеката во Ремедика.Едната е тетра вреќичка а другата е подебела.Тетра вреќичката е ептен убава но е 90 см. Ми треба совет дали може да се користи за новороденче (дека е поголема), но ептен е добра за периодот што следи.
За новороденче гледај кај вратот да е потесна за да не се пикне внатре бебе. Ама прв месец комотно можеш со памучно кебе да покриваш, исклучиво под пазуви.
Не размислив за ова, баш ќе ги проверам какви се околу вратот.Си земав и памучно ќебенце, но ќе земам уште некое за секој случај Фала ти.
Повеќе од 2 кебиња не ти треба. Јас и сега ги користам, мали му се па со две, едно горе друго доле. Јас во вреќа по 1 месец почнав да го ставам, кога почна да шета по креветче.
Не сака ниту една цуцла. Патронажната ми рече да и давам заради тоа што си игра не цица па ги зедов овие само ги отворивме одма пак не можам да ги сликам одма ја прифати исто како градата се и без проблем ја шмука.