Ќе ви се уфрлам у муабет, 829 ден е, 2 пакувања по 46 пелени, значи 92. Поисплатливо е секако во споредба со единечното пакување. Едит: Туку да прашам, се е од картерс? И тетрите претпоставувам?
Картерс продавници има во Веро Џамбо и Сити Мол. И наводно можеш да нарачаш од страната на Крш, ама мене само неколку ствари ми ги дава таму.
Потврдувам Од ќерче извадив некои ромпери по неутрални за спање за бебуш ( од пред 3.5г) се како нови. Пери , носи се алиштава од лидл презадоволна , за бебево за сега бодиња и ромпер имам некој од таму исто и тие не мрдаат многу удобни. А цената пристапна за сите. Крај на јули чекам пакетче , пола раб од лидл се
Дефинитивно и Лупилу и Есмара за поголемки, па и за нас и машка и женска колекција, топ, а цени да не речам смешни... Затоа, меѓудругото, го сакам Лидл. Па и Ернесто линијата за домаќинлук, да не зборам за производи за јадење, пиење