Не си купивме, добивме на подарок од нашата прекрасна тетка Данка. Бабите и се малце лути, оти не оставиле ништо да купат они, ама баш ништо. Сите работи ни се свиѓаат ептен и едвај чекаме да ги испереме да ги наредиме, мама има супер план
@AngelOfArh преубави работи имате, со здравје да си ги носите и уште поубави да си добиете Сакам да прашам што има во кутијата од HIPP, колекција е или нешто друго?
Не, тоа е кутија за АД, тетка Данка на се мислела, има граничник за да не се преполни дозер и многу убаво се затвара. Дајбоже да не ни треба, ама за секој случај де.
Ќе ни се најде за нешто друго, за понатака за овошје кога ќе носиме со нас надвор, за шишиња да не протече нешто, за било што ќе се најде.
"An-na, post: 2622136, member: 45635" Види го прикачениот фајл 231452 Види го прикачениот фајл 231453 [/аTE] Извини мнг е убав скафандерот, со здравје да го носите.. Дводелен е така? Од каде го земавте и колку пари.. Благодарам
Од Бисер трговскиот. Не знам како се вика продавницата, во средината е до аптеката Виола. Дводелен е.
Таман, многу сте ми слатки така штом сте се виделе.Дружбата е убава.Прекрасни подароци сте си размениле.
Ми стигна ова денес. Баш ми се допаѓа памукот. Ќе видиме како понатаму ќе се покаже. @danichap @AngelOfArh со здравје да си ги облакате бовчите. Требаше да стаите слики од секое стварче поединечно, да се полигавам малку пред компјутер. Многу слатки работи секогаш постирате де.