А баш мислев да одам, значи се се распродало . За следниов период шо ќе ми треба од гардероба, што да земам? Имаме 2 месеци...... засега имам од бебешките комплети со стапалца и бодиња. Што друго да земам сега за есен? Нешто подебелко треба? Немам идеја...
Отвори на страната има уште бодиња и тренерчиња. Јас практикувам боди со тренерчиња најпогодно мие. Евентуално дуксерче за надвор плус.
Ауу баш ја нападнавме страната. Гледав синоќа, не стигнав да нарачам, сабајле станувам у 5, гледам снемало од нешто бројчиња па брзо искликав, сега гледам 50 евра сум лупнала
Му велам на мм кое дуксерче да го земам? Сите! Ама некои големи се. Ќе порасни и ќе ги износи на пролет, за 300 ден ме прашуваш шо да земиш? (бетер од мене е кога е бебето во прашање. Арно шо не е член на фемина а, инаку банкротиравме, готово ). @Bicka77 исто, ама па 10 работи порачав. За ич пари.
Од која нарачавте, babycenter што ви ја кажав или таа во Прилеп? Оти вчера баш имаше избор…. Хммм ме замисливте
И јас за 2500 порачав патики, 4 бодиња на долги, 2 блузи на долги, 2 пара хеланки и дуксер фала ви плус за роденден на внука патики, 2 блузи, хеланки, фустанче за 1900
Леле што направивте со странава, сеа го терам муж ми да ме носи да купам и јас покусо да не останам случајно
Нема бројчиња, се е скоро продадено @apple12 пола од работиве исти ни се, жолтото дуксерче преубаво, 122 барав немаше, и од што ми беше убаво 116 зедов
хахаах си го грабнала пред мене, мене 116 ми требаше, ама земав 98, вајда ќе му е точно. Ако не ќе оди на поклон некаде
Не ми е уште пробано, вчера купив 3 кеси, синко не беше расположен за проби. Го чекам од градинка па ќе пробуваме, ако му е мало ќе ти го дадам ако сакаш твоето поклон дај го