Лелее сите сме иста сорта ,само нарачувам нешто ,маж ми вика нема што да облече детето така!? Ама пусти мерак (ретко кој маж разбира).
Хаххаа само што ќе те прашував за дуксерот, дека не го видов во продавница. Гледам ти си напишала. Даааа преубав е
Да ви кажам бев у тој бутикот у Прилеп ама вака на лице место нишо посебно не ми фати око. А и за од 3-6 имаше нешо безбеза останато, слабо избор. Се разочарав. Ама во друивр бутици успеавме да најдеме нешто интересно
Не му е среден баш како треба искрено Избор имаат слаб- се некој исти работи претежно тренерки. Ништо посебно- не е скапо да ама избор слаб се нафрлени . Јас пред да си дојдеме порачав 2 рала тренерки за бебе ама само тоа …. Ќе се отвара нов бутик во старата чаршија до Џулијано. Е таму имаат преубави работи. Вчера влегов пелени шарени и фустанче и купив. Нема што нема
Ми личат ко малце поголеми ако споредам со Ваикики, зборам 74ката од нарачката е поголема од 68-74 од Ваикики.
Се ми е од Шведска, немам проверено дали ги има кај нас, знам еурофарм ги продаваат како бренд. Провери во нивните аптеки.
Има твистшејк сега во мк. Побарај на инста twistshakemk, имаат и web страница. Чинија плус подлога е 1800 денари
Кој пушти муабет за попустот во Бејби Центер го убив Шала на страна фала и. Непланирано изнакупував еден куп работи и за малото и за големата за 3000 ден. Во тој износ влегуваат и Адидас патики.
Остај дури и на брат ми кажав, сиротиот има 5 блиски родендени на дечиња во септември. Сабајле ми ѕвони и ми вели пушти адреса од продавницата, одам накај Скопје
Од каде да нарачам држач за цуцли од оние со мунистра што пишува име? Гледам има повеќе фб страни па не знам од каде.