Ќутете, сите ве заразив. Што е најсмешно на 8 ми им појдов, затворено беше, но роба редеа, им тропам со бебево на врата, вика дечкото утре дојди. Абе викам утре не можам дај набрзина да ѕирнам што има вие редете си роба. Е ајде вика. Окапав сама внатре едно саат ипол, и од таму ви пишав одма, за онлајн кој може да си порача оти цените смешни а екстра квалитет. Од тогаш уште 2 пати појдов мм вика следен пат сама да си одиш, а не да ме маткаш “само да видиш нешто демек” хаха
Исто вчера и јас како бев задилена за шопинг ама ништо немаше, пред недела бев се летно имаше, рано изгледа е, нз...
Ми стигна нарачката од Бејби центар. Се потепавме сите ама некако памукот многу лош. Бодињата се деформираа и собраа на перење. Во квалитет се исти на оние од џамбо и дефинитивно цената на 50% попуст одговара со квалитетот а реалната цена 700 ден две никако. Нарачав 68ци и ептен се смалија.
Ја ги исправ само хеланките, оти тие ми се за сега, бодињата се поголем број за понатаму. Хеланките не мрднаа, на 40 ги перев.
Затоа јас веќе не нарачувам на невидено. Подобро поскапо ама да се носи подолго, а не после перење да изгледа како износено. Скапо е две за 700, а и 350 е скапо за таков квалитет. Такви бодиња на пазар има по 100-150 ден едно.
Јас дојдов овде затоа што имам слатки маки Имено, решив да нарачам нешто за бебуш (треба да се роди на почетокот на декември здравје) ама нарачав од 0-3 очекував дека ќе ми стигне нешто малечко ... инаку да напоменам дека ми е прво бебче а и неам многу икуство со купување за бебиња... ама ми стигна некако поголемо го сликнав бројот овде што го пишува не се разбирам многу и искрено ми треба помош да ми кажете дали ќе и биде точно или да им го враќам....
Еве ти табела со величини за ориентација. Нема зошто да го враќаш, 62ка величина е. Скафандер да не е?
Ова е 62, 3месеци според пишаното, за почеток ќе ти биди поголемко, но брзо ќе го стигни. Барем јас не форсирав да купувамнали бројчиња 50 56, бидејќи за бецели 3 недели се тие. Потоа птеминуваш ба 62 што би било ок според мене. Исто моето се роди лани 7.12, па имав за почеток 56 и 62 купено.
па не е скафандер, ама е такво крзнено ... ќе ставам слика сега. иначе фала ти многу за табелата мислата ми беше додека порасне она да го носи да не стопли времето
Стварно е преслатко, јас не би го вратила бидејќи ако се породиш во декември, може ќе си го носите фебруари/март, што е тамам особено во март знае многу ладно да биде. Од каде ти е земено, ептен ме бендисува?
@Anaroz1 Не мора да значи. Мојата е 3 месеци и пошо е ситно бебе уште има некои комплетчиња 56ки што и се точни. Мој совет, купи си неколку работи број 50ка за на почеток за да не ти биде ко у торби облечено.