ова е голем џип за возење, така? ако е од кај го купивте и колку ве кошташе?мојот е заљубен во вакви работи
Од Куманово од Бутик за деца Дајана. Имаат голем избор на коли, џипови и мотори. Ние бендисавме еден друг ама беше нешто помал и дупло послаб, а разликата во цена помалку од 1000 денари. Овој е за две помали деца или едно поголемо. Имаш димензии и спецификации на нивниот фејсбук профил.
Ова е избор на тате, не е моја заслуга. Јас сум обично задолжена по ситните работи како облека, играчки, а возила и спортска опрема тато бира. Сега двајцата ќе возат џипови. Фала во секој случај, жива радост е дома сега
Супер е играчкава. Има разни мелодии, звуци на животни. И кога удира по тапанчињата тие светат и се прави звук. Ептен ја бендиса синко. Го дразни цело време да удира и притиска.
Малку ни се големи ама последни беа и кога ги видов се заљубив и морав да ги земам. Нема штета од поголеми