Го нарачав и јас неодамна. Навистина е мн мекичко и убаво Неколку работи имам нарачано од таму, мн ме бендисува памукот. @Naatashka123 да си нарачаш А и многу се услужливи и без никаков проблем вршат замена за ден два. Јас и закачалка една ( како отворено гардероберче) имам земено од таму. Кога ми стигна беше малку изгребан едниот држач, со еден збор веднаш ми пратија ново
Таман ги пофаливте и имаа пишано дека имаат нова роба. Ајде жени нападнете Јас веќе избрав што ќе порачам
Шо знам Јас поима неам колкави работи треба да купувам. Тук нарачувам само како луда, де поголеми де помали. Све си мислам големо бебе ќе родам со оглед дека јас сум 5кг родена и 53см
ме изнасмеа... како и да е им пишав помало нема така да решив да си го задржам затоа што ептен ми се свиѓа... ако е до толку големо ќе го подарам на некој здравје. иначе и јас се различно до сеа купив
И јас лани зимата бев некаде 3, 4 месеци бремена и одма скафандер купив од што ми беше преубав па се надевам годинава ќе и чини, барем еднаш да и го ставам сакам
ќути минатата недела ќе купев за малку јакна за една година сеа кога те читам викам требаше да си ја купам мислам дека кога ќе се роди ќе банкнотирам
Ајде кога ќе се роди здравје ќе си имаш подароци ќе ти носат сите, нема толку да трошиш, на почеток барем
Само јас малер лошо искуство имав со нив, порачав комплетче за на свадба и ќесата смрдеше како покрај ќумбе да седела Ај тоа се пере нели ама и ми наплатија дупло карго и еве уште не ми ги вратија после 2 месеци иако хи потсетувам остана на аха одма сега...
Ми стигнаа и мене. Од бодињата не сум и јас импресионирана, бидејќи овие на тритекс, waikiki ми се некако помеки, но алиштата што ми стигнаа ми се допаѓаат. Ќе видам откако ќе ги исперам.