Аха и ја така викав па една недела откоа се породив отрчав у ваикики да си прикупам нешто пошо се ми се свиѓаше од коа ќе се роди тек ќе банкротирате
Стигна и мојата нарачка од бејби центар @monik55 ме замисли сега. Јас ништо под 60° за бебе не сум испрала. И јас 68ки и 74ки зедов, 68ките за сега кнап му се вака од око, ако се соберат ниеднаш нема да му ги облечам. Инаку само јас обувки ич не разгледав. Кој број обувки носат околу година, година и пол?
Скоро исти работи сме земале. Јас 80ки земав, зошто на моево 74ки му се кнап, за да ги носи и наредните месеци. Инаку 8ипол кг е моево. Обувки однапред јас лично не би земала,не знаеш какво ноџе ќе има. Јас патики земав за големата.
Јас за бебе земав само бодиња и од памучните тренерчиња што беа по 3 во паковање. 68ци земав и му се таман на бебе сосем малце доле има луфта. Патики земав за баткото, не купувај пред време незнаеш колкаво ноџе ќе има.
Пристигна нарачката од babycenter На прв допир супер ми се чини материјалот Ќе видиме откако ќе се исперат
Да не знај некоја што има порачувано од C&A за колку време стасуваат нарачките во Германија. Ке си идат едни роднини па сакам да си порачам
Од тако Германија Од 2 до 5 работни дена, не знам дали имаат опција за експрес достава тогаш би требало за 1 ден
А кој се подобри во материјалот C&A или ZARA. Имам многу работи од ZARA и од материјалот сум пре пре задоволна. Да не се зафркнам со овие од C&A ссмо парите да си ги потрошам и да де разочарам
Има некој порачувано од oblekazadetsa на инстаграм да сподели искуство? Порачав шпикозни, па се надевам ќе стигнат како на сликата
Не би можела да ти одговорам, сеуште немам уште ништо порачано од Зара за бебушот, за да можам да направам споредба. Мене лично ми се џорџ и H&M се најдобри(материјал), ама и C&A се супер имаат преслатки работи.
Убави , пријатни се не избледува бојата. Само мал модел се , порачај си бр поголем . За собирање при прање , некои работи до сега ми се имат смалено само ама во буквала сум доста задоволна.
I jas sum mnogu zadovolna od C&A, mada bi poracala eden broj pogolemi od toa sto nosi, nekako knap mi se vo sporedba so nasive