Фалаа ,даа кај што можеш кажувај си што викаш тука негде се со цена,подобро нешто што ни фали а алишта секако имаме .
Мислам да, ич да не ти е мака, очај квалитет.. Битно јас лупнав 8000 ден за летна облека за следна година Единствено ок се патиките, зедов пума за двајцата плус за ќере едни адидас.
На моето па освен мајка ми, сестра ми,золва ми и свекрва ми што му купуваат облека, друг никој му нема подарено ни чорапчиња. Се само пари поклон носат или му пуштаат по мајка ми/ свекрва ми. Вака мислам е најдобро, му купувам некогаш нешто, а другите на штедна сметка.
Па може и тоа имаат и немаат потреба од ново. На подалечни не може да се погоди и пари е најпаметно. На блиски и навистина знаеш што им фали и што веќе имаат.
Јас веќе нарачав лигавчиња и стегачи за подарок на едно женско бебе. Знам тоа немаат и дека мајката не сака да е се розево може и зелено, сиво, жолто, а и ми се допаднаа ептен. Од Алиекспрес кога и да е ќе пристигнат. Некои ги видов овде во темата.
Можеби малку да се собраа бодињата од babycenter, но не забележав голема разлика. Мене ми се допаѓа што се со копчиња кај раменцето, за разлика од тие што се со поширок отвор за главата како од зара, таквите му зинуваат и му излегува раменцето или напред ќе е многу голо.
Си стигнаа сите работи што ги порачав ама квалитетот на истите е катастрофа, за маичките по 150 ден не ни очекував нешто поразлично ама Дуксер на кој редовна цена му е 1200, а на попуст 600 очекував повисок квалитет. Уште еднаш се убедив дека онлајн продажба + попуст е лесно запалива материја за нас жениве. Офф: пред една недела му стигнаа купаќи од Ella Underwear, 1200 денари а ужас се, плус не одговарат бројките, несакаат да ги вратат парите, ниту можам да ти заменам во продавница и сега за да го сменам карго 390 ден да платам
Јас од алиштата од бејби центар сум задоволна. Памукот мек, не мрднаа при перење, 68ка на син ми кнап. Единствено не сум ич, ама ич задоволна од бодињата 2во1 шо беа. После перење крути, се собраа и отворот за главчето претесен. За разлика од нив, единачните топ. Во право е мама Јана. Како попалени сме сите @mamaJana ако ти е за утеха во 1 ден 4 пратки по карго ми стигнаа. Од различно место. Прво си велам шо се 150 ден, ама се. Па уште кога ќе видам исто/слично/поубаво/поевтино ми иди газот да си го каснам.
Јас бев во ова бебе центар пред некое време и се што видов беше ок квалитет. 1200 денари ми се видоа многу за дукс, ама не беше ужас.