И мене ок ми е квалитетот, пижамите од поголемото два пати ги перам, не мрднаа. Јас на лице место бев. За онлсјн многу сум скептична, 2 - 3 пати во животов имам за себе, и не е тоа што гледам, ама се помирувам, и си викам: уште еднаш на невидено, шанса нема да купам, за бебе исто - не би ризикувала. Зборувам за облека, за реквизити, тракатанции - може
Јас нарачав дукс, 550 испадна со попустот. Ми стигнаа денес. Да си одам од работа, ќе кажам какви се. @Bubce38 стаса мојата. Сигурно и твојата.
Со здравје да си ги носите ,сивите ми промакнале следниот ден ги видов ,ама супер искачаат на пола цена
Ако сте крупни со маж ти не купувај помало од 56ка. Синко 4+ беше и таа бројка ја носеше три недели. 62ка исто. Синко прооди на 11 месеци а први патики на 1 година му купив, бр 22 најк. Сега на 2 години носи 26. На три месеци купувам нови. Ама доста големо ноже има и висок е за годините. Некои деца со 18ка почнуваат. Се е преубаво. Од каде? Многу модерна девојка ке биде.
Е заедно да ги биравме, немаше толку да се погодиме, скроз истиве работи за беба ги меркав, тоа јакничето, милина меко колку е. Со здравје да си носи @duffi јас мислам тој дуксер е супер квалитетен, износлив. Многу го зедоа, се подумав и го зедов жолтеникавиот на риги
Фалаа ги купи и ти?Баш ми праат мерак ...ако ги имаш истиве башка и со живеачка мислам во близина сме (во околина на Карпош живееш?) гарант во некое паркче ќе се препознаеме
Баш ми е жал, а на колку ги переше? И јас земав еден куп ама рано ми е за перење, ќе почекаат до декември