Уште ова ни фалеше(дур не видиме нешто друго)...од Лотус М 700 денари,убаво е и свети и врти и пее,може и се посебно ,ќе ти кажам дал ќе го бендиса малата.
Да, Карпош. Нешто од ова зедов, повеќето купував за поголемото за во градинка, ама истите скроз ги гледав/комбинирав. ааа сте купиле вртелешка? Утре одам и јас, баш и дека свети ќе ја сака. Од Лотус рече? Јас сакам во Андреј Компани кај железничкана да одам да видам што има ако нема до лотус одам
Тоа е ама во Струмица се наоѓа! За жал не може да одиме. На фб имаат објавено се а и слободно пишете им за нешто конкретно ќе ви пратат слики. Љубезни се и многу брзо стигаат нарачките
Во Струмица ама можеш да си нарачаш преку фб https://www.facebook.com/lotusmtoystore/ ,да @Oneo таа е страната и подлогите им се убави исто од таму нарачав.
Јас имам слична од енци менци. Ама за расонување ја користам не за заспивање . На цице строго се заспива ама сабајле коа ќе стане прво се гушкаме и ја гњавам и се смееме и после сама се врти накај нејзиниот кревет и ги гледа, уше да ми прозбори да и ги пуштам. Па ја враќам у креветчето и ги пуштам и она им збори им се смее, многу им се радува. А ја за тоа време користам до вц да се средам/облечам
Ќе нарам секако и јас хаха.. Подлога имаме иста скроз како вашата, ама нас ни е купена од детска продавница во Охрид. Хаха душичкаа Ние имам за над креветче, како капкејк малечки висат, ама нема музика и светло.
А нашата е подарок многу искористена е досега, со меа заспиваме, дури и делот што свети и авири си го носевме на одмор сосе даљинското
Јас ја имам на поклон ми ја дадоа. Менува бои и проектира ѕвезди и месечинки. Има шумови од природата и музики. Убаво е многу. Не знам баш колку ќе може да се види од сликите
Јас имам женско бебе ама со плави очиња и се нешто таа боја ја облекувам уште од бебе. Заради тоа ги имам истите 3 шпихозни од силви стајл
Ти благодарам на сликите, дали е соволна за да осветли навечер во собата или ептен малку свети како ефект. Сакам некое пригушено светло да не сцети многу а да биде доволно да се движиш во соба
Осветлува доволно за така ама да знаеш дека трепка. Мене искрено ноќе би ме нервирало така да ми трепка. Јас за ноќе имам едно лед ламбиче на тач, со 3 нивоа на светење и се полни. Некои 500 денари го имам земено од тесла лед ама пред 2-3 години. Мало е и практично многу. На наткасна ми стои, коа ќе бара за цицање малата тоа го пуштам се доиме и после гасам се.