Ќебенцето и постелнината ми се купено од продавница во Битола за ќебиња и слични работи. Постелнината е за детско креветче ќе ставам слика со димензии. Произведено пиши во Прилеп, незнам каде може да ја има.
Ќерка ми има 2 и пол месеци, а од тренерките земав величина 3м. Долните ѝ се малку поголемки, додека горниот дел ѝ е таман и веќе за некоја недела најверојатно ќе ѝ биде кнап. Најубаво бројче поголемо да се нарача од нив за да се износат повеќе
Фала ти многу. Се заљубив во дезенов, ама според ова што ми кажуваш ќе му бидат кнап, а нема поголемо бројче .
Супер. Еднаш имам порачано од кај нив, грешен беше испратениот број, па без проблем ми направија замена. Ајде ако се решам ќе ги нарачам и јас
Скафандерот на последната слика од каде е земен.И кое бројче за новороденче дали 56 или 62 е најдобро да се нарача(дали одговара на бројот)?
HM е.Јас зедов 56ка .Ама мислам ке го користам само сега за преодниот период еден спрема зима.За после ке морам нов.Затоа шо бебето баш брзо расте.Би ти препорачала 62 ка доколку веќе ти е родено бебчето.Мојата е три недели.
НМ има ли онлајн да се порача?Бидејки мислам дека нема во мк,инаку сега ја терам 28ма недела а 28ми декември ми е терминот па да си се обезбедам уште сега
можеш преку инстаграм профилите.На пр.Дениција онлине,Kralonlinekids i sl.Ама си земаат провозија сите.Епа штом бебуш ке се роди декември тогаш 56ка мислам ке ти биде ок.Зависи нели и колкаво бебче ке родиш ама во 62 мислам новороденче ке плива