Отвори тила на фб. Имаш и памучни, овие се плишани како кебе. 1850 до дома. За прв месец не треба, со кебе ке покриваш ама како ке почне да мрда, вреќа е закон.
Од одма најубаво да си го ставаш во вреќа. Имаш со ракави , без ракави. Мене подобри ми се без ракави . Исто и материјал имаш разни од тенки до најдебели. Зависи дома како ти е топло земи си таа дебелина. Не треба многу туткање , претоплување не чини. Овие од Тила се убави и со убав дизајн , можиш и да порачаш мислам . Разгледај и по други страни и по молови , бутициве детски имаш избор доста на вреќички. Кога ќе се породиш , зeмиш во раце , само ќе си иде се и ќе влезиш во шема , сите сме биле неискусни
Ова мене ич не ми е искористено , ни со првото ни второто шо и зимско новороденче беше. Имав плишена така не многу дебела вреќичка со ракави се потеше во неа скрос , извадов ракавите пак склет му беше ( машките ич не трпат , ако не сум грешка и ти машко носиш ) и накрај во тенка памучна вреќа го ставав , па и таа му сметаше и сега спие откриен како шеф За спање земи си и со и без ракави вреќичка , оно мислам на повеќето и се вадат ракавите , подебела , потенка , па ќе видиш што му одговара. За во транспортер скафандер некој мекичок ако немаш да си земиш, најдобро ќе ти е заради појасите , ако се шеткате и по контроли.
Ова моево е памучно во внатершната страна. Ама ќе земам обавезно и вреќичка со ракави. Скафандарче имам од внучко, чисто новичко
Вакво ама само на почетокот до 1 месец, во вакво спиеше син ми големиот, после во вреќа. Вреќите од рамстор закон беа за 300 ден.
@Bubce38 веќе ти одговориле повеќе членки. Оваа вреќичка не е полнета, внетрашната страна е памучна, горниот дел е како поларно ќебенце. За во просторија шо се грее би облекувала само боди и вреќичкава оти е топла. Можеби да немав потреба, ќе земев само памучна, повеќе време ќе ја искористи. Инаку од тила е, вакви дезени џиџани има и на постелнини, и мене ми се преслатки. Има и само памучни вреќички со долги и без ракави. Продавници имаат во Битола, Прилеп и рамстор и капитол. Ете и онлајн можеш да порачуваш. Јас во вреќа почнав да го ставам од 1 месец, оти се открива цело време. Имав земено вреќа од Ситник, памучна, дупло поевтина од тие на тила. Ама дезенот нема врска со оваа. За величина, би те советувала поголема да земеш за да може ноџињата да му се слободни на бебчо, ако му е кнап во должина ќе се нервира.
Јас имам вреќичка без ракави плишана. Претпоставувам тоа е некоја средна дебелина. За сега е ок. За понатака ќе ми треба нешто поддбело и плус со ракави? Со градско парно сме. Топло е. Се гаси навечер.
Јас имам вакво за во количка си го користам или дома за покривање. А за спиење во него мислам дека не е баш практично