Беља и за кратко се случува. Посебно со кола ако сте биле. И за на количка не е безбедно. Убаво што сподели ама мене ми е битно да кажам дека е многу небезбедно.
Ако не ти брка улога естетика, оние пластичните фиоки ти се идеални. Малку место зафаќаат а многу собираат.
Ние уклоповме плакарче и фиокарче орев боја да ни одговараат на спалната од "Андро мебел " не се елементи за детска соба но ни вршат работа додека стигнеме до детска .Колкав ти е просторот?
Просторот ми е таман за креветче и сега незнам што ми е попаметно дали фиокарче да ставам колку ќе ми биде корисно... со него ќе ми биде таман просторот
Јас сакав да земам фиокарче ама стварно немав кај да го ставам и си земав пластични корпи и во шкаф кај мене. Моите алишта ги збутав и направив простор.
Па така и јас изгледа ќе направам ќе ги прередам моите и плус фиокарче... Ајдее само да ни се живи и здрави девојчињата за друго ќе се снаоѓаме
Јас за ќерка ми зедов од пластичните фиоки, многу собираат да, ама после веќе немав место и зедов од овие фиокари. И за син ми имам еден во спална, од ќерка ми е во дневна,а и јас немав многу место во спална, но го сменивме распоредот и некако не собра
Од кое ваикики комплетчето со пандите? Јас имам фиокар, фиоките се големи, му ставив прегради за да си ги распределам алиштенцата и таман простор ми е. Предност што над него ми стои подлогата за преслекување, маана шо не можам тука да ги ставам алиштенцата за на закачалка, па ги редам во нашиот плакар засега. Фиокарот го зедов од продавница за бебешка опрема во бт 3500 ден. (не правам реклама, само споделувам инфо оти секаде беа поскапи)
Јас си направив фиокар по нарачка сличен на овај на @IRBBB со три фиоки, без овај празен простор ама го платив 100 еур. Максимално искористен, сите работи на ќере што немораше да одат на закачалка стојат во фиокарот.
Имаше опција за 4 фиоки или празен простор, јас просторот го користам за чување пелени, креми, лосион, витамини, ножички, чешле.. Инаку низ поголем дел од продавниците беа прилично скапи, некаде мислам и дека по 12000 ден беа. Прво и ние мислевме по порачка да правиме, ама случајно влеговме во продавницата и ко рекоа 3500 - давај.
Секоја мајка го пази бебето, секое бебе паднало не сакајќи. Кога се работи за безбедноста и здравјето на бебе нема мои - твои ставови тука. Се знае во која положна треба да е и врзано нормално.
Арно те начекав у темава. Скоро имаше пишувано за еден готвач на пареа во кој си ги стерилизирала и шишињата. Може да ме потсетиш кој е тој, или па во секој мултикукер бива да се стерилизира?
Eve go, prezadovolna sum, turbo raboti kaja bidejki bebe e na ad. https://m.tehnomarket.com.mk/product/5665841/philips-hd911690-aparat-za-gotvenje-na-parea