Не е класична ткаенина како шушкаво 3 ама не е ни класично шушкаво. Што на мене ми се свиѓа во смисла ако го поврати ќе можам да пребришам и најверојатно нема да има флека, незнам ќе видам. Играчките се пластични. Не е нешто вау ама за таа цена не ни очекував. Сосема е ок за 600 ден
Од Србија ми се ,ја и преку граница тргувам ,ако имаш некој таму да ти пуштам една страна баш имаа попусти ...инаку по 180 динари се пелените на попуст димензија 80х80
Има слики ама не е сликовница. Збирка песни во кои мајки од различни позадини на животот им се обраќаат на својот син/ќерка. Цена не знам, подарок е.
Лелел сон, преубави се ситеее Ама џабе прашуваме од каде се, ако паметам добро тетката не живее во Мк.
Мила сѐ е преубаво, со здравје да си носи бебче. Само немој крзнената јакна да ја комбинираш со скафандерот, макар и - 30° било надвор. Секако ќе ве земаат со кола, претходно затоплена, плус бебчето е во транспортер што се смета како дополнителен слој на облека. Премалечки се, не им е развиен терморегулациониот центар и поголема опасност е да се претопли отколку да се премлади бебе. Извини вака неповикана шо коментирам, добронамерно е.
Не никако Здравје Март ќе се роди бебе можно е и да не е потребен воопшто скафандерот ама мн е непредвидливо времето овде каде што живеам, може да биде +15 ама може и под нула да биде па си реков нека има па и мерак. Инаку овие се тренерки не се толку дебели колку што изгледаат. И по еднаш барем да го облечам колку меракот да помине па макар и за дома