Се е нарачано од странство преку роднини и се земале погрешен број. Но, ајде, за догодина ќе ги биде.
Дали и од каде купувате обувки за новородончиња (машки)? Знам дека се премали, ама сакав бар едни колку за излегување од болница да биде комплетно, да не е само по чорапи ама во продавници за обувки најмали имаат за проодување. А во бебешките продавници само чорапи ми нудат. И уште едно, може малку чудно прашање, дали освен боди треба да му облечам и некакви халахопки под панталоните кога не носи шпихозни, туку дводелно нешто, или голи нозе само со чорапи?
Низ Бит пазар имам гледано мали чевлички ама да ти кажам многу ми се грди. Некои свилени со круни од циркони абе циркуси. Мајка ми му има земено комплетче, доаѓале и чевлички црни, ама тоа пред некое време. Ако ти е само за мерак тогаш ок побарај, а потреба реално немаш никаква. Обично панталонките им се со ногавици. Под боди јас не му облакам хулахопки, само чорапчиња.
https://www.facebook.com/Baby-accessories-103071255198617/ Види овде. Иначе за хулахопки, и јас ќе имам зимско бебе, не планирам да облекувам. Комплетчето и скафандер.
Нарачав од страна на фб HM Online shopping mk 12бројче. Пиши им на таквите страни ке ти пратат каков модел можат да ти набават за тоа најмало бројче.
@Дениција21 @Happyinlove јас само добронамерно сакам да споделам совет што ми беше кажан. Многу сакав обувки кај мало бебе ептен слатко ми стојат и си купив. Отидов на ортопед кај др Антоније рече никако обувка, обувки се купуваат откако ќе прооди. До тогаш босо или само по чорапчиња. Се виткале прстите внатре поради рефлексот што го имаат кога ќе ги допре нешто и се кривеле прстите така останувале. Сега за мерак за излегување од болница сигурно нема да се наштети, туку за долготрајно носење се мисли.