Јас имам од таму вреќичка од 850 до 1000 за стандардни големини и зависи дали се со ногавички, без со ракави....
950 а беа 850 ама јас најголема бројка зедов, за 4 години. Со ракави плус. Имаат и без, имаат со отвор за нозе. Прашај си за сигурно. Имам земано неколку пати и ми дизајнираа по желба.
Кажи ми зимските според тебе мн се дебели? Бидејќи во станов со парно сме, а малиов цело време се отскрива. Па не знам дали зимска или каква вреќа да му земам. Од прилика за која температура се тие, дали ти кажаа?
Доста се дебели, јас се покривам со тенко јорганче (оние како дормео, калина) и кебе, маж ми само со јорган а синко е во вреќа и памучни тенки пижами. Не се екстремно дебели. Не знам со парно како е, може и да е жешко. Од тила се потенки ама многу поскапи, 1750. Од тила се два слоја а овие бејби ко се полнети со нешто.
Фала ти. Јас имам од КикаБу ама дебела ми е, се поти со неа. :/ 1290 беше уште лани му ја зедов, ама не се погоди дебелината и сега ми е страв да порачам. Тогаш најубаво во живо во тила да видам.
https://www.facebook.com/babyco.mk/ Повели. Не се џиџе како што ја дотеруваш малата ама имаше една со мини маус слатка.
Ако е склетливо дете подобро тила. Лани од тила зедов и цела зима ја помина во неа и супер му беше. Во куќа со клима. Сега ми беше скапа од тила затоа овие зедов. Инаку од овие зедов за првата зима и супер се покажаа.
Двослојни се. Надворешниот дел им е како поларно ќебенце, а внатре се памучни. За во ладни простории се топ, ама за кај шо се грее никако. А другите да, чисто памучни се и се 1290 ми се чини. Едит: @emits скоро од Ситник зедов, имаше памучни мкд производство 700 ден и српски 900 ден. Ама без ракави. Тие со мкд ги имам, памучни се, океј квалитет, сега зедов од српските, ама уште не ни е почната да ја користиме.
@IRBBB @MilaSs12 Фала ви. Ќе ги видам во Тила. Па према досегашно искуство, склетџија е, ама па некако шубе ми е да спие откриен сред зима..А во спалната спиеме со исклучен радијатор ама пак е топло. Сепак сред ноќ ми заладува мене, претпоставувам и него исто му е
Еве ја да ви кажам искуство до вреќа од тила со парно. Јас земав од оние памучни со ракави. Сега спие во боди по кратки и вреќата, ептен топло држи. Да ми е овој памет би земала од оние без ракави дури. Првиот пат ја облеков со шпикозни и вреќата се препоти детево. Ама вредат за парите, материјалот е преубав.
Златен Али Ми стасаа за рекордни 15 дена Убав силикон е во прашање, мислам дека долго ќе нѐ служат. Линк Shop910351200 Store https://a.aliexpress.com/_m0iwuu2