Од Зегин 1699 денари. Италијански бренд. Ми го препорачаа како многу фален и подаван. Има 6 месеци гаранција, мала, голема маска и такво за во уста за инхалирање. И за возрасни може. Носето и е затнато и крчи. Носена на педијатар и утврдено дека е настинка. Препорака 2 пати дневно инхалации со синомарин, читање носе и капки од диво оригано. Фала мамички се надевам брзо ќе помине. Преку ден нема мака дека редовно ја чистам ама ноќе се мачи да дише дела и се собира секрет, душичка
Не се од Мк мислам. Ја имам прашано неколку пати за некои работи. Се преубаво купува, штета што ги нема кај нас.
Веројатно е истото вирусче, и мојата е поднастинста, мислам декс веќе и поминува. Точно недела дена трае, ние сите го поминавме, јас, бабите, сега и дедовците ги фати од бабите. Со затнат нос и малку кашлање е. Земи си за навечер Респиратол лепенки или Спиранто лепи негде доле на креветчето пошо е мала за на пижамка да и залепиш, на мојата многу и помогнаа да може да дише ноќе, за денски дремки не лепев и многу потешко и беше спиењето. Побрзо да поминува
Ако е тој уште викендов да го издржиме. Оти во понеделникот и се затна носето. А за лепенкиве фала за идејата, баш ќе купам утре.
Фала за одговорот и дали дозволува инхалации Фала многу на инфо, бргу да и помине, инаку ме интересира дали дозволува инхалации? Како се однесува. И ние денес го земавме овој инхалатор и пробавме ама страшно плаче, никако не дава, не знам што да правиме. Пробавме со секакви занимации ама никако не успева, инаку е 10м
Да, не пишав дека веќе имаше пишано Онео погоре дека не сме во Мк па затоа мислев фирмава Некст можеби може да се најде и во Мк дека имаат преубави ствари ама за квалитетот сеуште не сум сигурна бидејќи прв пат порачувам. На изглед конечно најдов тоа што барав.
Мојата е 5м и дозволува. Мм ја држи седната кај него во скут јас и ја држам маската. Не плаче само мојава многу мрда па или и пеам или со една играчка бејби шарк шо пее ја занимавам. Или ако ептен мрда ја пуштам бејби шарк на телефон го гледа и мирна седи. Секако инхалацијата трае некои 3 минути, брзо е.
Внимавај со инхалаторот да не го развлажните секретот и спушти на плуќа. Мене не ми дозвилиа инхалатор само чистење на носе.
И ние имаме е мед од Зегин го купив уште големиот кога ми беше година дена уште го користам, ептен се покажа. Само не е вака cute како овој, тогаш мислам дека не ни имаше вакви. Обичен е бела коцка ама си ја врши работата веќе 6 години.