Што можам да купам од тука и да пратам на другарка што живее во странство и очекува да и се роди женско бебе? Нешто персонализирано,нешто што ќе остане подолго? Да не е облека,ќе се смали и ќе се фрли
Види ги preffino_official, многу ми се слатки работите посебно за девојче Или ина глина ако имаат смислено име.
Мене другарка ми меѓу другото, ми прати и куќичка од монкдолс со куклички за секој од нас со името. Секогаш можеш да докупиш кукличе ако дојде ново бебе. Годинава бевме во Македонија за Велигден исто ми донесе зајачиња со имињата на децава нарачани од таму, мене ми се многу убави тие изработки и знам дека ќе ми останат. Имаат различни верзии може да е и само како соба за бебенце, а имаат и во стакло изработки. Едни од најомилените подароци ми се тие.
Прееекјут. Сакам за себе вакви хахах Кога бев мала многу сакав да имам куќичка и кола за барбики, дури сама им правев од картон. За секоја нова година и роденден посакував тоа да ми купат моите и никогаш не добив таков поклон и така пораснав и веќе не ме интересираа барбики Затоа сега на ќерка ми цела соба резервирана само за играчки, барбики и кукли, може некој ќе си рече ќе ја разгалам ама гајле ми е. Сѐ што сум сакала кога сум била мала, а не сум имала ќе и купам