Сака да игра со ова? И ние имаме од Животинско царство, донесоа за роденденот на малиот, ама језиви ми се некако. Големиот ги играше едно време, ја правеше пандата, ама брзо му досадија. На малово ми е страв да му ги дадам, како што бута се во уста.
Тие над 27 се друг модел, малце се поскапи околу 1200 беа ама не беа со мечиња туку сини со бело. И тие се многу убави дури и "позимски" ама мене ми фатија око овие дека се типично детски и шарени. Инаку 26 од овие со мечињава и 27 од другите беа иста големини. На моево идентично му пасуваа и едните и другите. Мора да пробате како и да е
Јас во рамстор како да гледав само новогодишни боденца по две во комплт од 0-3. Другите моделчиња не ни излегуваат во толку мали бројчиња. На нив си пишува дека се од 3 месеци па нагоре како модел. Имаше и во Кимико некои новогодишни работи нека провери и таму.
@Annath јас лавчето го порачав, не е стигнато. Малечки се тие лепките (или како и да се викаат)? И мене ќе ми е проблем за в уста, ако се мали. На темата, ние денес ги купивме овие. Моментално е опседнат со лавови.
@Annath фала ќе му го дадам еднаш ако е умен ќе играме, ако става в уста ќе кријам за понатаму (со пластелин така ми направи, едвај го натерав да исплука и толку беше засега).
@ma4e1311 мојата обожава да лови за 2-3дена се научи како и само лови. Изгледа е на баба и и дедо и риболовкаЕптен и се погоди