Ја имаме и ние последнава маичка со цветчиња, ама од бела јас ја претворив во плава Ептен ми е криво, и ќерка ми ја сакаше, и јас. Ако има чаре за вадење бои кажувајте.
@Kitten не верувам дека има начин да ја вратиш белата боја на блузата ама има начин како во иднина да се спасиш од такво размачкување на бои. Јас користам хартија која апсорбира бои а се става во машината за алишта. Се продава во маркетите , мене ми е баш ефикасна и досега не ми се размачкале алиштата. Еве денес со што се подновивме
Да,да, знам за кои марамчиња зборуваш, не сум си купила до сега. Но многу внимавам што со што перам, и се испостави дека боја пуштиле едни азурно плаво-зеленки хулахопчиња, а бојата е ептен бледа за да изгледа дека ќе пуштат боја. И сега и блузата е таква ама нееднакво плаво-зелена, како флеки на некои места Сега остана за носење само за по дома.
Одма да се реагирало можело да се спаси. Има едно прашаче од дм за отсранување на не сакани бои. Јас на мм спасив една маица со тоа. Од моја виолетова марама сите работи беа прошарани со розево. Друго не, ама маицата беше нова. Па стоеше во тоа растворено потопена, па ја перев, па пак повторив постапка и ја спасив. Исто и дуксерче жолто на децава спасив од плава боја.