Да му се најдат. Не забележал маж дека исти се шарите на бодињата ама си викам ај па величина е различна.
Црвените се од Ваикики 450 или 500 денари, а другите од Веро Џамбо Ипанема продавницата, кај скалите што е, 950 денари со 20% попуст.
Моиве денес ја гледаа фармата ама на гледање остана само имаме играчки на куп. Па мораме да се растеретиме од некои . Имаме забрана за нови играчки
Јас пред некој ден се растеретував од играчките. Дел фрлив, дел подрум, дел тераса... другите со кои секојдневно играат купив од регалите, од икеа, и наредив . Па бргу побргу просторот што го ослободив да го пополнам . Ама стварно е убава играчкава, како куферче се носи, плус дрвено. Како да не ја купиш.
Кај тебе се мали, можете да ја искористите убаво.. Ние сме претрупани со свашта. Книги имаме два регали. Сложувалки, лего, плејмобил, барбики и сите пропратни ствари . И можеш да замислиш каква е собата после играње . Утре ќе симнам пак кутии во подрум. И раат малку.