Вакви слични поставени со крзно видов во Беверли во една продавничка со цена од 900 денари. Имаше и во Поларис во ГТЦ нешто слично ама не знам цена.
Да турскиот го знам. Но не проверувам никогаш бидејќи не знам дали ја носат сета роба и овде фала и бацли до вас три
Нема чизми за форумските другарки Све распродале. Останати беа еден пар од црните, број 25. @chocolade @azelea
Мене и помали ми требаат 24/25 . И во просветно во капитол рекоа нема веќе да продаваат чизмички само во сити мол
Изгледа. Но есенски се, иако се обложени со крзненце не се баш за ладна зима. Имавме слични лани, се жалеше дека ѝ е ладно.
Имавме, т.е. добивме и ние лани. Воопшто необложени, мислам од просветно дело беа. Не и ги ни облеков. Жива гума, па јас ќе премрзнам во нив а не па дете. Штом се за есен не ми ни требаат. Има такви, зимски ни требаат Туку дали сте виделе негде(случајно) вреќа за спиење? Тенка, топло е кај нас.. Ако некој знае кај има нека ме упати, да не лутам како лани и на крај не ни најдов
Не ги планирав за зима јас, за сега есенва да шлапка по вирчиња. За зима сигурно имам од брат и нешто по кутииве само да пробуричкам. Ако не па и зимски ќе купуваме. Немаше ни од црните мали броеви отишло се, ќе добијат може.
@chocolade нашите беа обложени, баш како волна. Но веројатно самата гума не дава добра изолација од ладно. Затоа ако не најдам од овие со волна, ич не купувам.
Има едни те едни исти секоја година во Кеги. На изглед грозни ми се, но се полни со волна и баш изгледаат дека се топли. Многу деца ги носат. Ради моделот избегнував да ги земам. Но се друго што пробавме ни пропушташе вода. Последно од Кеги земав лани, ми гарантираше продавачката дека не прошушта вода и тие и пропуштија пак. Оваа година изгледа ќе пробам со оние грозните