Од каде се коцките? Ние масичката ја имаме одамна добиено на подарок ама не знаев дека има само коцки за нејзе да се купат. Сега видов дека некој друг прашал и си одговорила. Багодарам.
Мамички не најдов друга тема, што се купува за подарок на детенце машко од 5 години, а да не се облека и обувки? Кои продавници низ ск имаат најнови играчки, боенки и такви работи затоа што детево има се' по дома па ми треба нешто ново да подарам. Благодарам и извинете на офф топикот
Не знам што значи најнови играчки зашто секое дете игра со различни играчки во зависност од афинитети, ама еве неколку опции за купување играчки. Исто така има играчки со различни цени. Играчки голем избор имаш во Крш. Продавници на Крш има во Сити Мол, Рамстор мол, Зебра и на уште неколку места. Мислам дека најголем избор има во Сити Мол. Крш се прилично скапички. Друга опција е Теа Колорс во Сити Мол. За одредени играчки се поефтини од Крш, како на пример Бураго автомобилите и делумно Лего коцките. Поефтина опција за играчки е Џамбо. Боенки и убави книги имаш во Просветно Дело и Топер. Имаат продавници на различни локации низ Скопје. Ако сакаш играчка да купиш дознај што сака детето (на пример цртан или нешто друго) и купи таква играчка сигурно ќе му се допадне. Или на пример ако сака диносауруси можеш да купиш или книга за диносауруси или има сетови да ископа диносаурус од глина. Вакви сетови има и за планети и слично. Друга опсија е да купиш Лего коцки зашто се супер играчка.
и дрвена даска со превозни средства и книгичка со карс коли.ама големиов ги зема и си ги дигна кај него во шкавче