Длабокиве танирчиња се супер и во машина за садови можеш да ги ставиш. Следен пат ти препорачувам да ги земеш и плитките танирчиња, чашките и приборот за јадење. Ептен практични и само нив ги користи. И пробај ја од Нук чашката, многу е по практична од овие со клунче и таман за навикнување за од чаша да почнат да пијат. Се извинувам што ви се убацив во муабетов.
Се мислев и за приборот, ама прво сакав да видам како ќе се покажат овие. Сега за сега супер, па нареден пат ќе надополниме Чашки со тврдо клунче. Капачињата се кученца и на баткото мој ептен забавни му се видоа. Инаку од икеа се.
не, ништо, ние сме веќе за чаша големи сме, ќе видам @sofi2107 што ја предложува таа да ја земам фала ти инаку
@An-na прекрасни се патиките. Едввај чекам момите да дојдат од градинка и да ги пробаат. Благодарам за линкот Пакетче и од икеа Масата е ваква
Чисто инфо, не знам која мајка имаше мака како мене со Стар хххорс Чаша и шоља од Зегин. Керамички се и погодни за машина за садови. Има и со Мики, Мини, Фрозен, Спајдрмен...
Мислиш со Мини? Не знам која е Минаили Моана. Чашата 68, шољата 75.Речиси 2 дцл се. Да, имаше и термоси и шише/термос, стаклени. Не знам колку се тие. Од Зегин до Зегин има разлика, не сите во секој ги има. И кутии за храна има, пластични.
да да мини , ние мина си а викаме баш ќе видам кај нас дали ги има , последно пред една недела прашував ги немаа . Фала ти