Линкот кој ми го препорача @An-na неколку страни поназад одлично функционираше. Направив мој акаунт на страната и си избрав модели. До секој модел стои цена. На крај, при плаќање, поради членството, ми дадоа 20% попуст. Наместо 90 еу за два пара, платив 72еу.
Ај ќе го прочепкам линкот кога ќе имам време. Јас ги ѕирнав патките и навистина се убави само на квалитет не знам како стојат. Скечерс продавници може има тука треба да пребарам. Фала ти.
Ај пак да пишам. Го видов тој линкот што е во долари ама од тукашно искуство што ништо не ми стигнува или стигнува после 3 месеци ми е страв да порачам. Иначе на скечерс италија не ми дава цени и не ми дава да порачам. Да така ќе пробам да барам продавница или и беј...
Сигурно на страната пишува каде можеш да ги купиш. Штом има страна гарант има и продавници. Инаку за квалитет сега за сега добро се покажани. Важат за многу удобни (а мене тоа ми е многу важно) плус се ептен џиџани, мерак за деца
Ќе се снајдам на тена. Иначе на оваа на ит страна не дава цени и порачки затоа чудно ми падна за разлика од онаа гер. Стварно се многу убави и мене на прв поглед мн ми се допаднаа Важно да светат еднаш порачав од и беј џабе .. светкаа 1 час само...
Да ве прашам освен во Спорт вижн дали негде сте ги виделе бело/црниве најк? Во ниеден од дуќаните на Спорт вижн ( бараа компјутерски ) немаа 24ка. И овој модел црни најк дали некоја негде ги видела?
Во аутлетот од надворешна страна на Молот провери дали ги има? Ако не си, види, мислам сите Најк патики ги имаа, па може ќе ви се посреќи
Не, не сум била таму. Ама дали и овие нови модели би ги имало во аутлетот? Кај е Најк аутлетот ? Позади Сити молот во нивниот комплекс згради? Не се смеј стварно незнам. Знам за аутлетиве кај Борис салата. Фала ти ќе проверам и таму деновиве. Мора да ги најдам
Софи, кај што се влегува на паркингот на Сити Мол, од страна има еден спортски аутлет. Зборувам за влезот на паркингот од предната страна од кај Лептокарија (нели два влеза има, тој вториот е позади, не знам како да објаснам ). Ќе го видиш аутлетот сигурно, значи на самиот влез на паркингот е, од страна
Не, Мегаспорт е и има и нови и стари модели кои се на попуст. Пред некој ден бев, ги имаше некои нови модели на Најк, па треба да се провери дали ги имаат овие кои ги бараш. Продавницата е од надвор, односно од надвор се влегува, во склоп на сам Мол е, одма до влезот за паркинг од страната на Лептокарија, или кај што е Електроелемент.
Во СпортРиалити до Џамбо ги земавме на СпортВижн што е...а во СпортВижн ги немаше имаше едни други сиви ко плавите што ги имавме земено...многу се добри да си купите 1990 ден се и батко убав да трчка исто и во СитиМол има СпортРиалити можеш и таму да видиш
Pile isti sme odbrale od novata sezona im se, super se epten meki i kvalitetni, do sega samo adidas kupuvavme rekov da smenime. Me zacudi so cenava jas od Sport Vision 2200 gi kupiv