@kiki_riki Прв пат го купив ама не сака да го фати во рака па само кутивчињата ги реди едно над друго.
да прашам тука, купил ли некој од книгите со Графало, во која книжарница ги има? На интернет не можам да најдам, а немам време да шетам..
Во Македонија има во Икона на Македонски и на Англиски, 200 денари е на македонски ама преводот е многу добар. Најдобар превод од сите сликовници преведени на македонски што ги имаме. Во истата книжарница има и Замисленото мајмунче, Елмер и Елмер и Вилбур. Сите три се едукативни ептен и забавни за читање. Во Икона ја има и на Англиски. Така е поскапа (ние купивме една за змеј и глувче која чинење околу 500 денари). Ние ја имаме на Англиски ни ја пратија од странство и мојот ја обожава. Сега се мислам да набавам уште некоја за Графало. Инаку од истите автори имаме уште неколку книги и сите се супер.
Истиов модел го земав од Локо Кроко, ама еве го мојов нејќе да се качи го турка само. Поеќе е по тротинетот. Ептен ми е криво ич не го ни приметува. Кажи ми твое дете дали пробува да го вози? Ако да, како успеа да го убедиш. Ма и на јутуб клипови од деца како возат пуштав, па демек јас го возам и не и не. Морам @danichap да те тагнам и прашам и тебе. Знам имаше пишано дека децата твои со баланс точачево си се погодија. Нормално е ич да не го занима ? Да чекам демек ќе појави интерест набрзо или ? Ќе се качи, ќе се поттурне 2-3 пати и се симиња и го турка ( застанува напрет пред волан го фаќа и така го вози ) .Викам качи се мама вози се и ќе почне “ нејќу, нејќу “ и тротинетот ќе си го фати и толку. Поеќе на кацигата и се израдува отколку на баланс точачето
Од тука, за онлајн нарачка има -20%.. https://www.facebook.com/1971750656169175/posts/2436159716394931/ За Велигден, ама тешко да ќе иде у краткиве, па имаме резервна опција
Се качи 2 пати и спадна ама уморен е денес ке спиеме. Утре ќе пробуваме па ако оди планирам да го носам да шетаме со точакот. Ако не според мое искуство ќе се заинтересира кад тад. Мојот ич ич не играше јас пишував и тука преку ноќ стана друго дете и почна да се интересира и да игра внимание по пола час на етапи си има и со мене и без мене зависи. Имаме од оние количките на туркање 2 едно количе и еден трактор и многу ги турка ги вози нон стоп во денот по 2 3 пати па товара во багашник и турка вози па според тоа сакав да пробам и со точакот како ќе ни оди со оглед на тоа што успешно турка количе и трактор. Ќе ти пишам дали ќе научиме и пред се дали ќе има интерес. Сепак дај му време на детето тоа само да заснова интерес оти ако не е заинтересиран џабе ама мое искуство покажало дека секоја играчка ја играл кога доаѓало време за тоа односно кога тој сам покажал интерес.. мада и по 5 6 месеци отпосле. Сега на лето пробајте у двор.
@sofi2107 пред една недела божем ќе ја отварав пак сезоната со нив и не ги опулија. Кога се затегнаа за еден тротинет кој лани не го опулуваа... страшно. Крокодилски солзи. Денеска купив втор тротинет, сличен на тој оти ист не можев да најдам, па тоа возеа после градинка. Се надевам дека понатаму, летово, ќе ги возат. Лани супер си возеа, иако мрзливи се, ама успешно беше. За многу работи кај нас ако не биде од одма, после една сезона или една година било успешно. Тогаш си викав оти нејќе детево на тротинет, така стои. Сега па наеднаш тој и е поинтересен.
Ние ја имаме истата веќе 2 години и си ја чуваме во соба Една од најискористените работи ми е вдетска,и плус многу е квалитетна Него таму многу скапи овде се 15-20евра
ги најдов книгите во Три во ГТЦ Многу се убави, ние Графало на германски ја имаме, ама баш ради преводот и римата сакав на македонски да ја најдам. Ќе отидам некој ден и во Икона ако успеам. Ви ја препорачувам книгата - 230 ден е.
@vitamina он по цел ден е со количкиките еден куп се, само тоа го интересира и само тоа бара да се купува. Ајде рековме мерак му е па се опрчив 12000ден за кола на акумулатор ( зашто кај и да видеше плачки беше ) и ене ја така стои ќе си пукнам од мака, ретко во денот да ја користи. Поголем фаворит му е малонто камионче на кое се качува и со нозе се бутка. Тротинетот исто не му е фаворит баш, а го земав само зашто плачки беше кога виде друго дете со тротинет. И со баланс точачето исто беше и еве џабе само го земав. Испаѓа плаче кога ќе види друго дете со нешто, ај му го купуваме демек мерак му е ќе го користи и не брееее ќе си пукнам само џабе купувам. Цела дневна ми е возен парк и џабе, он со оние малине колички се занимава. Па со алатот демек ги поправа, вози колички по цел ден, камиончено го вози низ дома ( оние на кој седнуваат и со нозе се гураат ) , пластелинот и така во круг секој ден. Друго не го занима што има. @danichap искрено ми е криво се осеќам џабе фрлени пари, кога еве ич бре не го занимаат. А, надвор види дете со нешто абре плачки мавање од земја и “ сакамммм, дајјјј, сакаммм мое “ и ја како мрдната идам купувам и само така ги редам како за украс во дневнава стварите! Сопругов демек вика остај ќе појави интерес ќе се искористи што и да е понатака! Па као демек зашто све му било на видик затоа не му е интересно, сум требала да ги кријам и ротирам работите ( вадам најизменично ) за да му се интересни. Незнам може е и до тоа, може јас сум крива. Ама викам дете ме зеза у паметов, испаѓа кога го има да не му е интересно, а поинтересно му е кога кај друго дете го гледа и се треска од земја. Се напнав искрено деновиве како во вода пари да фрлам џабе. Ајде ете викаш твоиве најизменично од ситуација мењаат, па ај ќе се надевам дека ќе појави интерес летово да не стојат така стварите. Ептен ме бендисаа на јутуб клиповите со баланс бајкот и си мислев ептен дека ќе се радува и ќе му е забавен, а испадна сосема спротивното. Фала ви сепак на споделените искуства. Среќни Велигденски празници на сите.
Софи, колкаво е детето? Ние имаме џип на акумулатор и баланс бајк и кај мене големиот не сакаше да ги вози на почеток. Особено се плашеше од џипот (немаше ни две години тогаш) и година дена така стоеше. За баланс бајкот побрзо се пушти, ама околу три години мислам имаше кога му го земавме. Ист случај беше и со оние колички на туркање. Што и да му земевме, не сакаше од одма да го проба. Откако почна да ги вози стана многу добар во сѐ. Со точакот дури и во скејт парк скока по рампите. Со тротинетот па е најтрапав, иако и тој го вози ама не е нешто воодушевен па најретко го користи. Малата што го гледа него исто ги вози. Сѐ што сме купиле ни се исплатело нас, иако во прв момент и мене ми беше криво дека ни се џабе фрлени пари. Јас мислам само ќе покаже детето кога ќе сака да ги проба и истражи. Одвреме-навреме понудете ги, ама не настојувајте.