Има едно дуќанче по 150-250 ама искрено многу грди и не личат. И таман се откажав најдов во друг дуќан ама 850 ден димензии отприлика 30цм.
Како се бројчињата на патиките на адидас во споредба со најк? Најк ми треба 22, а адидас исто би било 22 ? До сега само најк носел, а online ке купувам па да не згрешам.
Детево мое носи 23 најк а 22 Адидас. Најк мислам дека се помали. Адидас и Пума исти се со бројчината.
Помал калап имаат Најк. Од Адидасот ќе ти треба бројче за едно помало од Најкот, значи 21. Бебка моја исто има Најк 22, а Адидас 21.
Бебе мое има два пара Најк, едните се некаде за пола сантим поголеми, па поголемите се колку Адидасот. И имај на ум дека Адидас се доста поширок модел и меките и тие со потврд ѓон, сеедно пошироки се, ако има тесно ноџе ич не купувај.
Фала Се мислам меѓу фамозните најк тие на витамина и едни адидас, во продавници такви убави модели не сум видела, патиките најголем проблем ми се за online
Ние овие ги имаме на Адидас. Исти се ко тие на Витамина, без врвки и лепенки. Чисто ако ти фаќаат око Широк модел се, ама јас преферирам Адидас за мојава, зошто широко стапало има, на татко и Има и машки и женски, разни бои од моделов.
Јас во мк сум, бев и кога ѓи објави витамина патиките за малце закасни инаку ќе донесев за сите, а сега пошто таткото ќе нарачува сигурна сум дека адидас ќе победат. Помеѓу тие и овие се мислам А ако не доаѓа витамина ќе видиме дали да ти ѓи донесам за неколку месеци или може по пошта да ти пуштам ( незнам колку пари е тоа задоволство, не сум пуштала до сега)