Старата, 4 год. Што ја имам е bugaboo donkey. Дупла, за близнаци, ама може и како единечна да се служи. Пред две год. Ја купивме и гб покит и сум презадоволна. Кај мене е едноставната верзија, без опција за спуштање, ама не е проблем и така да спијат. Најискористена за на одмор, како рачен багаж во авион, низ трговски центри и сл. Неколку кг. е само тешка и ептен мала се склопува, може во една рака дете во друга количката. За по скали би била одлична за тие без лифтови.
Мајки, вие што имате купено тротинети за децата со 3 тркала, дали напред ви се врти рачката со се тркалата? Купив од локо кроко таков ама искрено многу е безвезе само напред оди неможеш правец да менуваш, детево не се снаоѓа нешто па сакам да најдам таков што се управува,каде има?
Менува правец ама потешко мислам дека е за поголеми дечиња а и си пишува 3+.И моево само напред назад вози се надевам ќе потпорасне и ќе сконта финтата,а и сила треба за да го свртат
Имаме ист, од Локо Кроко, и тек после некое време сконтав што е финтата, откако и јас се нервирав како тебе Значи, напред на самата рачка на тротинетот има едно за вртење, над предното тркало. Тоа е за закочување/откочување на рачката напред. Закочена е кај вас, затоа не се врти. Кога ќе ја откочиш, се врти предниот дел, односно ќе можеш ти да го управуваш со рачката позади при буткање. Кога детето е поголемо, ќе може и само да управува. Не знам дали ме сфати баш, не можам да најдам слика да ти покажам, а не сум дома да сликнам. Eдитирам, еве најдов слика. Заокружениот дел е тој за кој зборувам, се врти лево/десно за да се закочи/откочи.
Абе ова е трицикл не тротинет. И ние го имаме истиот, рачката воопшто не ми се допаѓа, како разлабавена е, завртена на едната страна и тешко се управува, не врте убаво
Од кое вајкики се маичките? Јас земав за бебе а за мама немаше. @Ano имаш инфо дали има за мама во Капитол?
Читам,читам се чудам кога гледам трицикл Ќе го сменам за еден друг што можда е поинаков,овој како штп гледам воопшто рачката не е поврзана доле со шината на тркалата,баш статични се
Нас ни објасни вработената како се управува, треба со рачката да го навалиш и притиснеш на страната кај што сакаш да одиш ама синко 2,5 год уште не може да го управува. А кога ќе ни дојдат поголеми дечиња околу 4 год на пример, се снаоѓаат. Не знам дали кажав ко што треба, значи навалување и притисок врз тркалото на страната кајшто сакаш да движи
Е да супер објасни тоа е направено така од практична причина за рачките да не им се извртуваат да не паѓаат лесно ама затоа па треба многу силно да стиснеш за да управуваш а они не се доволно силни
Од Струмица се. Имаше за мајки ама големи величини. Мојата е Л, а јас носам С/М, ама дека е кежуал моделот ја зедол и Л кога веќе немаше помали а и не стои лошо ја пробав