Да, тие се, денеска стасаа. Тие со делфините се на плочи со дрво, другите две како на платно. Овие што се на дрво делуваат солидно изработени, само мислам дека би можело да е бојата поинтензивна. Но оти е вода, може до изборот на сликите од моја страна е, не е возможно појак ефект да се постигне. А и оти е на дрво може. Но ми се допаѓаат. Баш нешто поинакво. Замерка ми е што немаа за закачување од позади, но не беше страшно сами да заковаме такви мини закачалчиња за рамки. Другите две, на платно, класика би рекла, се одлични. Во глобала сум презадоволна. Брза достава, солидна изработка и одлични цени. Пак ќе нарачам.
Ти благодарам. Вреќичката е од локална продавница од Бт. Еве ја дебелината, таман е летна, а и материјалот му е како тетра пелена.
И малата и големата, спремни за родендените. Само за малата не ми прават ќеиф ни едни од патичињата за со фустанчето, не најдов ништо друго Фалат уште шнолички или венчиња.
И мене, сакав да бидат плави или резеда, но балетанки, а балетанки во таква боја не најдов Низ градов балетанки бебешки има еден тон ама кичерај невиден. А и со броеви т'нко, мојава има големо ноџе. Ај ќе поминеме и со патичињава. Со бебе лесно е, и така не разбира и пребира
Знам дека не е за тука прашањето, ама незнаев каде да го поставам. Како да ги исперам патикиве, совет..ако има некое детенце вакви. Рачно, или во машина...да напоменам дека напред светат.