За едни 2ца батковци, на малиот за повојница на големиот за роденден. извинете за наопачките слики телефонот ми се апдејтува и сега појма немам што како и каде се средува.
Жени, не знам кај да го сместам прашањево, па тука ќе прашам. Каде има најголем избор на Интекс базени и гуми за пливање? Нарачав онлајн преку фб од една страна, 10 дена поминаа, ни трага ни глас од производите. Им пишувам, не враќаат на пораки, ептен се изнервирав. Среќа што се плаќа при достава Сакам сама да одам да си купам, да не е онлајн. Во Локо Кроко видов, ама имаат само 1-2 вида базени, не е тоа што барам. Во ДМ исто видов, само единечни гуми имаше, базени воопшто немаше. Земав една, ама сакам и онаква дупла. @duffi ти имаше земено таква, со дел и за родителот што има. Хелп!
А па за топлинки ги земав и јас од Мат стар овие, битно ми беа да се виткаат, да се меки, да не убиваат, се тоа имаат па ќе си ги носи. А скроз ист модел се некако, ама дупло поскапи во Мат стар.
Во Атлантик дефинитивно. Имаат дуќан кај полицијата на Бит пазар, а мислам и во ТЦ Скопјанка во Аеродром. Од гуми, мускули, до базени од најголемите со конструкција и потрошен материјал за нивно одржување. Не си играј со нарачки по ФБ... П.С.Дел од програмата на Интекс имаш и во Џамбо и во некои од поголемите маркети, сигурно си видела...
Секси нашата е од Лотус М. Прво ја гледав онлајн да нарачам , беше околу 600ден. Случајно во Лотус свеки ја видела и ми ја донесе. 380ден. Инаку немаат слики на фб ама имаат голем дел од Интекс програмата. Можеш да им пишеш, љубезни се и враќаат на пораки. А можам и јас да проверам. Нас ни треба базентче, па секако ќе одам.
Ќе одам прво до Џамбо и Атлантик кај што вика Пупица да проверам неделава, па ако не најдам тоа што барам ќе им пишам на Лотус М. Знам дека се супер, имам комуницирано со нив порано. Ако случајно ми треба помош, ќе ти пишам. Фала ти ептен
Знае ли некој кога е точно попустот за деца во H&M по повод почнување на школската година? Барав на страната нема, лани мислам на 08 септември бевме и начекавме 20% на целата роба, еден куп работи за сезоната му накупив, годинава сакам пак.
Конечно најдовме тесен модел на Адидас Најки Нова направија за балончиња За плажирање и книги за учење