Лелеее браво, сите сте ги зеле. Јас само едно, првото, мислев нема да му се интересни ама многу си игра. Се покајав што не ги зедов сите.
Имаше со множење, таа изгледа ти фали. А како ти утнале, дупла да не ти зеле? Јас имав од порано едно домино, слично на овие и не си играше многу затоа и не зедов, а овие излегоа поинтересни.
Да таа со множење, иако се моиве мали. Постариот цело време се игра со игри кои имаат бројки и букви и форми. И кога црта букви црта, мобилниот ми го бара за дигитрон да отвори и да пишува бројки и да рачуна, не за игрици, надвор со креда пак тоа пишува. Мајка ми ме обвинува дека јас сум го малтретирала, но навистина ниту еднаш не сум му рекла ајде сега земи ова пишувај, но не можам кога ме прашува детето да не се вклучам во неговата игра. Нејсе. Не ми утнале,погрешно може се изразив, ги замолив да ми ги купат и не ги обврза колку и кои, туку колку може да носат и кои ќе ги најдат.
Не го малтретираш воопшто, малтретирање е кога сосила ќе го седнуваш и ќе го учиш а тоа сака нешто друго да си игра. Кога само пројавува интерес нормално дека ќе му покажеш и ќе го насочиш. Ние имавме сложувалка со буквите од македонската азбука и со неа ги научи сите букви, па пишувавме со нив зборчиња ама може нели само оние во кои нема повторувачки букви... и се нервираше кога сакаше да напише збор а му требаат 2 А на пример, па моравме да купиме уште една. Сега ги пишува имињата на сите, ама за моето му фали уште едно А и цело време вика да сме купеле уште една сложувалка.
Ова не ни беше потребно ама наидов во Рингмол на една продавница летната гардероба на попуст, живо џабе. Маичките од 45 до 60 денари, шорцевите 120, гаќички 3 пара за 90 денари.... и сè е 100% памук.