Виножито Ви прави кеиф играчкава? Мојата бројалка има слична и месеци си игра со неа...ја обожава. Сакав да те прашам и за коцките како се покажаа, ако ги зедовте (тие на групер). Јас изгледа на мојава прца ќе треба гумени рибарски чизми да и купам, а види вирче право во него трча да шлапка (Пепа почнав да ја викам).
Деновиве многу ја игра. Дали дека нова, незнам. Со неа и јаде. Инаку коцките во однос на квалитет се добри. Но многу се малку во пакувањето. До скоро ние му правевме кула, он да ја бутне. Деновиве по го гледам сам ги реди. Ама малку се, бар дупло да има вака една куќичка неможеш да му направиш. Инаку шлапкањето во вирчиња позитивно влијаело врз когнитивниот развој на децата, така вика Ранко купете си чизми.
Од еден дуќан во Бисер. Спроти Виола аптеката, Домино кидс. Ептен е убава блузичката, а и материјалот е убав. Ни многу тенок, ни многу дебел. Таман за во градинка