За чорапи со гумички да проверите и ДМ. Лани сите од форумов изнакупивме од стокомак донесоа многу убави, нешто на германски пишуваше. Од истата фирма ги гледав и во ДМ, се разбира поскапи беа. И во Waikiki имам купувано.
@eli25 @Sexybaby86 и сите што ги интересира. Во капитол се наоѓа по нешто од чорапчињата со гумички. Во машкиот дел како последните на баткото мој, а другите како дебели термо чорапчиња. Во женскиот само фрлив поглед имаше од кусите тенки со гумичка. Една работа што ја забележав од ист модел може да има и со гумички и без, така да проверувајте си ги. Ова го забележав сега зошто о овие што ги имаме ние првите што ги фатив беа само обратно спакувани и без гумички. Малку понатаму и со гумички имаше
Леле вчера бев немаше ништо уште до глужд имаше значи денес местеле роба утре или задутре идам верувам ќе најдам нешто. Фала на инфо@Ano
Ве молам доколку некој има купено сега скоро душек за детски кревет да постира, да сподели искуство и да ми препорача некој. На што треба да внимавам при изборот.
Да ве прашам, дали некоја од вас видела каде има кабаница ( ваљда така се викаа наметките за на дожд ). Каде ви можела да најдам, побарав во Бисер и Капитол и не најдов нигде.
@sofi2107 кабаници има во Зара, прееска ги видов. Убави беа, видов плава и жолта Купив и јас за мојава женска јакничка таква ко кабаница, ама со крзно е внатре, ете ја на слика подолу. Машките не знам дали имаа крзно, мислам не. Чорапчиња со гумички за сите што баравме, најдов во Зара преубави, ама кнап се со бројчиња. Земав и со и без гумички. Он топик, куп пари летнаа за бебка денес Спремни за есен/зима и градинка
@Sexybaby86 фала. Создравје да си носи дете све што е купено. Инаку јас барам кабаница баш кабаница од оној како мушама матерјал. Значи само за натнување одозгора за кога паѓа дожд или снег да не се наводени. Реално како и секое дете тешко под чадор да го задржам, невозможно да го додржиш да трча по вирови и дожд. Башка практикувам и на снег и дожд да трчка и да шета, не го збира веќе во количка, главата му излага од горна зона, а и со килограми ја надмина препорачаната килажа која количката ја трпи. Иначе јакни такви со крзно обложени и полни ( како монтка ), капутчиња и остало има дете сум го опремила без усул Сега барам само интересна обична кабаница за кога ќе го носам накај градинка некогаш пешки и кога би врнело ( блиску ни е градинката ). Вака нешто барам отприлика. Не сум во можност деновиве да излезам, но прва прилика неделава Зара, Вајкики и Крш ќе ги посетам