Каде може да најдам целосни убави пижами за дете 3ипол годишно? Памук преферирам. Се што најдов досега се собира во нозете и е голо, а сакам да е баш убаво спастрено.
Мене целосните ич не ми се практични бидејќи ноќ станува за мочкање и лом се прави, дур се откопча едно др и неккао ич не ми се практични, сега имаше во Лидл на акција целосни. Имаме и од ДМ многу убави ама денски си ги носи.
Мојот не станува да моча, а и да стане само патентот ќе го откопча ако се на патент или одоздола копчиња. Имаме едни со патент па затоа ми е. И јас барам такви некои како ќебенце материјал за по дома за да го грее, ако најдам, пошто кај нас е ладничко.
Леле бе Бугарчево Што раса е, име? Верно другарче ќе си има бебе твое, мојов ни го обожава кучето, а и она него, дури му дава и да ја јава Чорапките од каде?
За толку големи тешко веќе. Се таквите кај нас се до 3 години. Ние лани имавме од Анжи како вреќичка дебелки а пижами ама не се долги доолно за после 3. Е сега баш како ќебенце има во Mothercare ама беа над 2000 денари пар.
Епа Захра, епа не сте можеле поубаво нешто да земете од тоа на 5тата слика . Браво, така треба дете да расте!
Уште ова ни фалеше да го докомплетираме сетот. @AngelOfArh ќе има кај мене во лидл наредна недела на флаер видов ама од 6+,мада мислам и за помали дека ќе има,би ти зела ако сакаш ама дури при крај на ноември би ти ги донесла. Спојлер: слика
Амерички Стафорд Териер Конор го викаме .Малиот мој оди низ комшии секој ден да им ги посети кучињата и навистина премногу го сакаат кога ќе го видат се радуваат.И решивме да му го земеме да си има другарче,кога го виде прв пат мислеше дека е играчка