Сакав да те прашам за ХМ во Ниш дали е во склоп на некој мол или самостојна продавница е? Со паркинг како е?
Во право си, но во конкретниов случај со Ацеролата 1+1 која по се изгледа е на акција во повеќето аптеки Башка продавница е, во центар. Еднаш се паркиравме во близина, на зонско (црвена зона ако не се лажам) макс 1 час мислам беше. Грепки за паркирање има во трафиките. Без врска е дека макс 1 час, а и тешко се наоѓа слободно место, а еден час за ХМ ти е малку, верувај. Огромен е. Поучени од првото искуство, сега идеме во Стоп шоп, таму се паркираме, па фаќаме такси. Паркинг во Стоп шоп е бесплатен. А таму имаш C&A,Takko, Deichmann...
Накај Ниш има патарина, поточно, земаш картичка штом се вклучиш на автопат, плаќаш пред влез во Ниш. За такси мора динари, евра не верувам дека примаат. Иначе секаде може да плаќаш со картица.
@An-na како што ти пиша Ана. Во еден правец 640 дин. Најпрактично картичка, Дајнерс во Србија не ти функционира. Ако плаќаш со динари, спреми точно, се нервираат ако треба кусур да враќаат И кога веќе си во тој правец и имаш намера да купуваш за деца, обавезно застани во Лесковац во Капитол ритејл парк во Sinsay. Облеката е да не речам џабе, а ептен солиден квалитет и избор. П.С.За да убиете глад, не го одминувајте "Наше место" или "Два Јарана" на иста улица се, блиску до Стоп шоп
Ние одма најдовме паркинг, бесплатно беше дека сабота, на улицата од другата страна на кејот, пешки до хм имаше околу 5 минути. @PUPICA вечно ќе сум ти благодарна за откритието наречено sinsay го чекам мажле да ми дојде од странција и одам пак да го опремам за нова година синко
Темата на роденденот на син ми беше шумски животни, ех да најдев такви балони. Јас оваа година не се потрудив нешто посебно за роденденот, онака, обично игротековски, ама со најубава торта. Еве му ја тортата, глеј како ќе одговараа.