Јас во октомври прашував за тие со Мини и исто ми рекоа нема да добијат пак, а после 2 недели донесоа.
Можеш комплет сликовниците за Биби, има и игри едукативни, или Книга со приказни за добра ноќ (во просветно има различни). Супер поклон е и Вртиме од А до Ш, побарај на фб така, не знам точно каде ги има.
Како што спомна погоре членката нешто од Биби, мојов е зафатен со тој вирус па ја знам Играта на знаења на Биби (800 ден) е интересна, башка на македонски. Едукативна е. Сепак, зависи од афинитетите на славеникот. Слагалици, фудбалче, билијард, пикадо, хокеј на возддух (сите во Џамбо ги има +- 600 ден)
Лего коцки, книги тематски како енциклопедии на тема (пример диносауруси, багери и слично зависно што сака детето), има сетови исто за правење работи (пример да направи вулкан,да откопа нешто, микроскопи, телескопи и слично).