Има макети за изработка на предмети, на пример диносаурус, авион, и слично. Некои треба да се обојат, некои само да се склопат, имаше во Џамбо. Имаше moulding kits со гипс, модли, бои и магнети, да се направат магнети за фрижидер (ова мислам во Крш и слични го има). Енциклопедии се секогаш добар избор, ако детето се интересира за некоја област (астрономија, историја, географија), има книги со експерименти, имаше една во Просветно дело со Леонардо да Винчи и неговите експерименти. Мојов на таа возраст такви работи добиваше. Има добиено и соларен робот (не знам од каде е купен), да се склопи и работи на соларна енергија.
Има многу интересни едукативни сетови ми излегуваат на ФБ, само не знам дали од Панда или од Бубамара беа, мал е мојот уште, инаку едвај чекам да му купам такви. Можете и глобус, дрон, има и интересни хелихоптери кои се управуваат со раката итн... Едит: Клементони има добри сетови за таа возраст.
Женски може прашањето не е за тука, викендот ке пазарам во Солун за малата, дали знаете дали Зара и Х&М даваат поврат на ддв и над која сума?
Ве прочитав овде за организеров, сега чекам и јас, им пишав, но не одговараат, дури сабајле и им ѕвонев на бројот што е на фб, но ништо. Ако некоја имате Базаро во близина, ве молам да ми пишете ако добијат, може и од тој недизајниран модел само обичен пвц што беше, да пратам човек да го купи. Очај, неможам да го гледам ќошот со играчки повеќе.
Три дена чекав одговор од Базаро за организеров, не добив никаква повратна инфо. Во саботата бев во Карпош, имаше неколку од тој тип, ама по три кутии. (600 мислам беше) Се јавија во Чаир, таму го имаше тој што го сакав, зелениот со животните, последен. Бев, го купив. За тие пари, предобар е. Имаше уште 2 од тој црниот со мече, куче, што ли беа. И уште два со дезени кои воопшто ги нема поставено на фб. Наводно ќе добиеле за 1 месец. Инаку, во Ново Лисиче, тоа не е Базаро. За тие што не знаат.