Од ти благодарам мила за подарокот, рационално ќе биде искористен, затоа што е преубав. Мал доказ е сликата
Не е за тука прашањето но не најдов др тема . Каде можам да најдам вакво капче? Може и со достава што вршат продавниците...
Многу е убава,со здравје да си ја користите. И јас гледсв во Пики сакам да и земам на ќерка ми ама гледајќи по сликава многу ниска и мала некако.А баш ми правеа мерак и оние со столица за седење.Купивме кујна за роденденот од една локална продавница ама и таа малечка вака,требаше да почекам во џамбо имаше мислам поголеми.Дали во џамбо има вакви шминкерници поголеми и колку се движат од прилика?
Дали имаше бројче 25ка таму каде што ги зема? Во петокот ги гледавме во ситимол ама нејќеше да проба,а во саботата кога отидовме распродадено беше неговото бројче.
Одам попладне по кујната, држете ми среќа дека ќе ја има, оти мм ќе ме убие, само за тоа одиме! Туку ги гледам зимските одела во Лидл, има некој купувано, дали се квалитетни? @TutiFuti @danichap
Одлични се, сите оверал кои ги носат на инстаграм ми се од лидл. Цена 10-13 еу. Делумно втора сезона, оној од најголемата оваа година го носи средната а оној од средната сега го носи најмалата. Едноставно не ми се верува за толку мали пари толку добар квалитет. Димензиите според цм се баш точни. Има Schnee и Winter оверали. Искрено исти се, кој и да најдеш нема фа згрешиш. Имаме и таков и таков, нема разлика во однос на дебелина и квалитет. Минатата недела ми стасаа и панталоните за на снег, а имаме и од јакните за на снег. Панталоните ги немаат облечени но на допир се предобри, ист квалитет а и многу дебели. Јакната ја носи големата веќе втор месец. 10 пати е веќе перена, нема мака.
Е баш таков overall сакам да му земам и тие се во каталог од денес, тука се околу 15 евра. Еве вакви: Лани имаше посебно панталони, ова ми изгледа како многу попрактично, туку 104 им е најголемо бројче, малиот е 97, ќе му одговара нели?
Ова е winteroverall, ист како на сликата горе. Малата е 105 цм а го зедов тој од 104. Сакав да и е ептен точен и одлично и стои. Зеди слободно, и малку голем ќе му биде. Овие два лево се Schnee , лански модели, ама истите се вртат секоја година. А јакната десно е Schneejacke а панталоните гумурани, обични(не се овие фатирани) но супер си се.