Проверив, не е објавен се уште каталогот за наредната недела. Веројатно четврток/петок го објавуваат.
мајки дали може малку помош? ми требаат нови топлинки за карамелата моја,па каде да најдам интересни? кеги више досадни ми се,се од таму зимаме..... Видов ваикики ам а дали се ок(мека/лесно да се витка) ѓонот?
Не се лоши тие од Ваикики, јас му земав на синко за градинка, меки се, лесно се витка ѓонот. Слични такви земав и од Џамбо за по дома, таму се поефтини.
Многу се радуваше, едвај дочека да ја наместиме (а ја монтиравме скоро 3 часа) за да си игра. Капнат беше за спиење ама доседе да си испече нешто. За парите вреди и тоа како. Преубава е, дрвена, ќе трае со години... Со сијалички и звучни ефекти во рерна, микробранова и аспиратор, со диспанзер за мраз, тенџере, тава, маталка, бркалки, престилка, крпа, ракавица... фул опрема.
Како за дрвена е навистина многу ефтина. И јас се изненадив од цената, тука во Маша и Медо за поквалитетна пластика на Smoby ми рекоа 10500 денари. Јас секогаш претпочитам дрвени играчки, штета што кај нас ретко се наоѓаат, а и оние што ги има се изгор скапи.