Мајки од каде да земам скафандер величина како за две годинки дете? да не паднам во несвест од цената само
Во Бисер имаш скафандери со пристапни цени. Во Манела (од страната на катната гаража), во дуќанот спроти Виола аптеката што е... Јас лани од таму земав за ќерка ми и ок беа за таа цена (1200) Иако... мене убедливо најубави скафандери ми се од Канз, поскапи се, ама затоа се квалитетни.
Ги гледав тие, ама се прашував за 1200ден па којзнае какви се, тенки ли се? И колку се на канз? Ке одиме на зимување, па убав скафандер ми треба..
Јас пред две години зедов од Канз на попуст 2400. Многу се убави, нема збор. Оди види ги, може имаат попуст, па поефтино ќе ти дојде. За овие од Бисер не знам како би се покажале за зимување, јас го користев за до парк, за шетање и сл, на снег не сум ги користела и не знам какви се.
еве ги нашите последни подготовки за нова година ни останаа уште неколку пакетичиња од дедовците да купиме ни дадоа пари,имаме џемпер и фармерки од бутик Манела пред десетина дена купени за претставата со дедо мраз,дечково мораше да биде фино лепо дотеран на мајка убав тој,другите работи купени се овој викенд што помина го имаме возот томас исто имаме преубава звучна сказна на топер која раскажува за животните и нивниот свет,имаме многу мекани капа шалче и ракавички исто од бутик Манела т.ц Бисер ние се си купуваме од таму и сме многу задоволни