Редовно има по нешто ново и убаво таму за џабе цена, особено можеш да најдеш кога имаат нова роба. Скоро секоја недела имаат дотур, ама не знам кои денови и како
Дрвени играчки... Кујнава е преубава, со здравје да си играте, ама малецки играчки дрвени се многу опасни за мало дете. Моите неколку пати се повредувале и све живо дрвено тргнав. Последно завршивме со дислокација на заб, горна единица. Многу се уплашив да не остане без заб.
Навистина??? Од ставање во уста или? Нам повеќето играчки ни се дрвени, не сме имале таков проблем досега фала Богу!
јас па како што гледам по форуми и низ Интернетов дрвените играчки ги клаваат во категоријата далеку побезбедна и поздрава варијанта за децата. Кај нас ретко можеш да најдеш дрвена играчка па гледам и следам каде може да се најде/порача некоја дрвена
А што би било поразлично ако е пластично? Коцката дал дрвена, дал пластична, ако ја згазнеш, паднеш на неа исто ти доаѓа.