Почнаа новогодишните подароци Играчкава е за малото (го лажат дека и доминото и сликовницата се за него )
Дали се искористливи баланс точаците? И од која возраст може да ги користат? Дали се здрави за користење од ортопетски аспект? Малку офф прашање, ама нз кај да прашам.
Од ортопетски аспект се многу корисни и веќе сите ортопеди ги препорачуваат. Ние не земавме, земавме обичен и се покајав оти еве 3 години е, а уште не научи да го вози. А ги гледам децата помали од него со баланс точачиња низ парк се струја, толку добро балансираат и се возат што им се восхитувам.
Јас купив за првиот роденден со 4 тркала баланс, му требаше неколку месеци да научи да го вози, ептен го искористивме. Пред некој ден го седнав во продавница на такво со две тркала од 2 годони што се и одма знаеше да го вози, па кај да е Ќе му го купиме. Гледај само според возраста и висината има различни.
Уште не се пуштени во продажба,ги следам и рекоа дека наскоро ќе имат промоција и ќе известат каде ќе ги има во кои книжари