За сликање во градинка. Сам си ја одбра "оваа ја сакам, сите женски ќе вриштат по мене и ќе ме сонуваат два дена"
Предлог подарок за Нова година за две 10 годишни братчиња? Си играат со некакви играчки на таа возраст? Се размислував за некоја друштвена игра, има една на Групер Пронајди го богатството, како апаратче во два дела едното свири ваљда
Ајде помош мајки. Прееска ми излезе на фб една страна за играчки баш тазе имаа извадено кујни. Беше некоја од попознатите ама сега ич не ми текнува. Не е пи-ки, лотус, бубамара.
Лани за ќерка ми купивме ваква слична (горниот дел е поразличен) Според мене џабе фрлени пари. Ич не е квалитетна, кинеско ѓубре, а околу 3000 беше. Од продавницата во Буњаковец долу ја зедовме. Јас не ја препорачувам.
Ние лани се утепавме од барање. Оваа ја купивме буквално во 5 до 12. Се што видов не ме бендиса, оваа на слика изгледаше ок, ама мене во живо не ми се допаѓа, малечка, лоша пластика, деловите не се спојуваат убаво, па искривена е... Не знам, ако успееш некаде данајдеш отворена, па да ја видиш, може тебе ќе ти се допадне.
Не знам кај гледав, ама ако не најдете дрвени кујни, видете каде држат играчки на Ecoiffier. Од квалитетна пластика се, од искуство ова. Не сум купувала кујна, ама она што имаме дома е навистина квалитетно и трае со години.
Од српски Лидл. Од понеделникот има/ше понуда на Star wars долен веш, чорапи, пижами, слагалици, тие авионите или што и да се. Преубави сите и пристојни цени. За некој ден во бугарскиот ќе ги има мислам. Инаку, имаш чорапи и во Ваикики, а блузички во Зара.
Ikea види, мене многу ми се свиѓаат. И кујната од Лидл следи да не ја има во следниот каталог во Лидл Грција, ко да видов на ФБ, но може и грешка да сум. Да редактирам дур можам. Ова видов на ФБ вчера објавено мислам.
Во Маша и Медо ми рекоа дека треба да добијат нови, препрашај ги. Друго освен тие од Лидл и Икеа тешко. Нашата уште не сум ја отворила, се надевам ќе е добра само цената не и нешто многу пристојна. Јас ја купив на попуст на блек фрајдеј и плус попуст со картичка. (ако случајно се решиш за од таму имам картичка за 10% попуст (колку толку )) А таа што ја постиравте за цената ми личи топ.