Зошто бе ко да немав нотификација дека си ме тагнала во мислењето или до толку изветреав. Извини што дури сега ти пишувам, нашиот е 4.600 и нешто ситно, на цената имаш 15% попуст сега, до НГ мислам. И 100% знам дека го видов во КРШот во Веро Центарот (Џамбо) дека го имаат и во ГТЦ доле во подрумот КРШот. Ние од Капитол последниот им го зедовме, сега имаат од поголемиот само. Ајде чекам да се фалиш што сте купие за бубито.
Може ли во ЛП една слика да ми пуштиш наместена да ја видам и кажи ми те молам од каде е, која цена е? За подарок ми треба, девојчево со години на дедо мраз писмо пишува за куќа, никако да и купат, ја мотаат се со друго нешто, порасна, 10 наполни и уште и е ќеф за куќа, абе . Па ако не е изгор да дадеме напор да се израдува.
Ако успееш да најдеш воз сега на попустите Ние воз имаме, сакав додатоци да земам како рампа, гаража и ништо нема, во Молот ниту воз имаше, Џамбо само еден сет додатоци шини..
Де бре, све летнало, сеа ќе му кажам на маж ми дека не згрешивме што го убрзавме дедо мраз. Инаку гаража не постои во оваа серија од 2018та што е. а порано не знам. Веројатно ги дотрошуваат, зошто нова серија им иде на две години, имаше остатоци од 2016та, и најмногу од 2018та, следнава година гарант ќе добијат нови. Ама девојки, во било кој Крш можете да добиете информација, да проверат во кој дуќан го имаат сетот кој го барате.