Јас тука ќе си дојдам . Беба не е веќе баш беба. Спремна е за роденден И овие играчкиве од сторибокс да можам сите ќе ги купам. Ептен се фини. Се мислев помеѓу ова и тоа со чеканчето, и се решив за ова сега за сега. Јас уствари сакав двете, ама маж ми почна да мрчи дека сум без осет.
Права кукла ќе биде! Во розовото или жолтото ќе слави? Многу ми се слатки и двете комбинации многу. Да идам да ти ја украдам онаа со жолтите пантолони по нет
И во двете. Фотосесија претходно во жолтото. Крштевка дента ќе правиме, па тоа и е за во црква. За во кафана розевото.
Ова е женско Маки измачив да најдам, знаеш не се баш розеви ама топ и стоат и баш се по она да бидат добри за преодување. Инаку имаат многу моделчиња вакви лесни со мрежа. Купени се од Мите Спорт Кавадарци.
Леле каква утка, па и ти имаш лепотица. Извини. Не барам ни јас розеви, овие се топ. Сега ги гледам и врвците дреч циклама, нз како ми се видоа црвени прееска и ме асоцираа на машки. Брука! Со здравје да си ги носи куклата..
Леле скроз ист подарок изненадување и на моево дете , тато и подари. Божем да ја расположи кога ја фати грипов, сирото дете нит го погледна пилево нит му се израдува. Ама затоа кога се оправи душа и вади сега.