Прв пат во темава. Постирам зашто сакам да ги препорачам и да ја прашам @Shelea дали е некако поврзана со сликовнициве или грешка имам сфатено нешто Си ги зедовме сите 4, заедно со сложувалка. За сложувалката е мал уште, а омилена му е Марко и Дарко
Да по карго ми ги пратија. По 250ден е секоја. И сложувалката е толку ама ако порачаш 4 сликовници иде гратис она. Јас порачав два пара, 8 сликовници па и кргото ми беше гратис. Инаку незнам до коа сума се плаќа карго...
Ќе се вмешам. Кутијата со книгички јас ја имам од топер. Многу е убава затоа што е и како сложувалка. Плус игра на мајки и мали, а малите книгички може и како коцки да се користат.
Да дебели се. Би требало да вршат достава. Повели линк од инстаграм https://instagram.com/makedonskakniga28?igshid=18saxb7vrkmnp.
Да потврдам дека вршат достава. И тоа експресно. Вчера нарачав, ете денес ги добив на другата страна од Македонија Баш фино ги добив пред 3 дневниот карантин. А мислев другата недела ќе стасаат. Ќе пуштам и јас сликичка после
Јас не нарачав, ајде за наредна недела карантин. Ми одзеде внимание цената на дрвените сложувалки, а истите и на страната од Пики ги гледав и побрзав од таму да нарачам. Денеска ми ги пушти, се надевам утре да стасаат.