На пластиката не и е ништо. Ние имаме неколку пластични дрангулии во двор , стоеја цело лето. Кога врне после ги пребришуваме.
Јас и на трамболина го пуштам. Се радува многу. Само не го оставам многу време да скока. и нас овие пластичните лулашки, лизганици и куќичка ни стоат надвор на отворено. Не сме имале проблем. Незнам како ќе биде со тек на време....нас ни е прва сезона. Некој со поголемо дете што ги имаат подолго време да не упати дали да ги заштитуваме некако или да оставиме вака
За трамболината се предомислив нели заради претходно што имаше дебата. Куќичката ја користи ли? Ги гледам и не ми е јасно што ќе прави внатре нема ништо @duffi има поголемо дете, пиша дека ништо не му е стоеле надвор цело време. Јас оваа а бендисав, што мислете? Некако другите многу скапи по 15000+ Лизганица веројатно ова е најмала.
Да јас прашував за трамболина. Ама ние веќе имаме па нека се радува Инаку во куќичката од една страна влегува, од друга излегува ништо посебно. Си внесува внатре каменчиња, па ги фрла низ прозорот, па од надвор пак ги собира и така И тие баш оваа ја имаме. Океј е. Што знам, исти ми се сите мене. Лизганицата е премала. Догодина нема да ја користи сигурно. А прашање е и до јули август дали нема да биде мала
Овде по дворови гледам дека зимно време им се заштитени со покривки овде ги кма за мебел во градина му доаѓа како шаторско крило материјал. Или оној за под трева што се става зелен материјал. Од овие куќички за надвор јас од она што го гледам овде имаат од едната страна за искачување на карпи, дрвени се високи сигурно околу три метри. Доле на земјата е оној материјал како ѓубриво што го има на сите детски игралишта. Горе е како куќичка и има лулашки. Вака личат: https://www.google.de/search?client...biw=414&bih=719&dpr=2#idx=real.de&pie=plar-ti Сигурно со години ќе си игра. Да би имала куќа би ставила.
На оваа пишале во коментар дека е висока 105см, значи и оваа е мала, а изгледа многу поголема од другата.
Ние вчера ја купивме оваа лизгалка од Џамбото, ама нишш посебно не и се израдува. 5 пати се пушти и толку беше меракот. Нишалката ја имаме од лани, ништо не и е. Само на зима ја прибирам во гаража. Во неа пак 5 пати се нема понишано. А во парк и на лизгалка и во нишалка сака. Изгледа дека други деца гледа. За сега се ми е само фрлање пари. Детево сака со кал да си игра и да трча како мува без глава.
Зелената ја имаме ние, како алигатор или што и да е. Мојот сака лазганици па затоа ќе купиме поголема, да ја апдејтираме. Мила колку е оваа во Џамбо? Гледав слична на Лотус на страната. Ок големина ми личи. Мислам мала е твојата. Ќе пројави интерес за некое време.
истата ја имаме од Џамбо чинам 3500 дека беше.Мојата седи дома фаќа прашина.Падна еднаш назадечки од неа и веќе не се качи
Продај ми ја. Озбилно. Кажете ми дали некаде сте виделе Крокс? Имаше во Спорт Вижн ама нема. Или пак рано е уште? @BabyT* лани не ја сакаше многу. Сакаше да ја вози со делинското. Годинава арно не потсети дека ја имаме. Да ја извадиме утре.