Џабе фрлање пари за мене е и кола, лизгалка. За во двор само песок. Може мотор на акумулатор повеќе ќе се користи и полесен за носење, за разлика од кола.
Решена си да потрошиш некоја пара Мене ако ме прашаш, се користиме. Сеа на оваа возраст нормално не очекувам со ништо да му задржам внимание повеќе од 10мин ама се пушта и од лизганица, и на лулашка, и во куќичка, трамболина....од се по малку и поминало времето Како што кажа и фри, ако имаш двор јас сметам дека вреди да имаме реквизити. јас за ништо не би се пожалила дека сме го земале и не се користи. Ја користиме и колата ние, понекогаш го возам, а најчесто стои паркирана па седи во неа, пушта музика, излегува преку шофершајбна да скрши глава и така... Колата многу ја сака. Зимово мораше и внатре да ја внесеме бидејќи плачеше по неа
Првите два три дена се плашешесега сам си седи сво неа. Си ја пали,свири , музика пушта. Ке го повозам низ стан како Тито се прави важен ама седи. Џип има мислам сега надвор да се стабилизира хаосов и ке го возам ке седи. @AlicaInWonderland може линк од најк патиките да нарачам. Нарачав од geox ама ајде и едни спортски патики.
Ако ја дадат девојките одма ти ја давам сериозно На 20 ти треба да сум натака накај вас ке ти ја донесам ако се согласат и ако не се брзаш секако
Мм се фали дека во карантин многу пари ни останувале Мене тоа ми е да не и е страв па да плачи и така да стое Ќе одиме до комшии на пробно
@duffi во кеги ми излегоа прееска конечно и јас барам оддамна .Може онлајн да се нарача. И во локо кроко ќе имало од понеделник.
еве ги во спорт вижн, ама немаат бројки https://www.sportvision.mk/obuvki/8415671-nike-tanjun-tdv а еве ги и од оваа британсква страна што нарачував, 3-4 евра само има достава и ги добивам за една недела, ама ради коронава и они нешто блокирани се https://www.sportsdirect.com/nike-tanjun-trainer-infant-boys-021003#colcode=02100325 А геокс како се, задоволна си? Кој модел го имате? Тие ме сме ги пробале
Штетаа само големи бројки останале од најков а баш се убави Овој модел го нарачав на попуст од 4000 на 2800 и нешто беше,уште не ми е стигнат. Кумата моја се со geox ги израсна вика задоволна. Само немаат баш модели убави.
Ние го имаме овој модел само тегет со црвено. Искрено , не беа нешто мекани. Јас имам два модела геокс и поудобно нешто не сум носела, па очекував така да се погодат и за малото.И он ич не ги сакаше,дали 5 пати ги облече Ај може вас ќе ви се погодат,нашите беа ланска колекција.
Тоа аутлет работи, не сум била до сега. Планирам понеделник да одам, ништо летно немаат точно. Папучите лански им се на пола пета
Јас за геох птидов специјално во продавница да ги осетам на рака али не бев воодушевена дека се за проодување. Повеќе ми стојат за поголемки дечиња кои се стабилни во одот. Иначе за марката нема збор.
Многу ме бендисаа патиките. Сакам да порачам од женските, има броеви. Кажи ми дали се според препораки за патики за проодување, лесно свитлив ѓон, а цврсти позади кај глуждот? Прв пат порачувам обувки на невидено па ми е страв да не ги утнам.
Мислам оти нема да утнеш со најкито. Мекани се сите освен еир максот, не се виткаат напред,покрути се.